30 професионални книги кои секој млад човек треба да ги прочита
Секогаш постои потребата од значително прилагодување кога излегувате од училишните клупи и седнувате дел од работната сила, без разлика на тоа колку сте паметни или талентирани. Почнувате од дното.
Ако сакате да утврдите што точно сакате од вашиот живот, можете да се посоветувате со деловните книги кои ќе ви помогнат да откриете што точно сакате.
Ако сакате да ги подобрите вашите вештини, време е да започнете со читање.
Еве неколку предлози кои можете да ги најдете на Amazon:
1. „So Good They Can’t Ignore You“ од Cal Newport
Еден од најчестите совети кои можете да ги добиете кога започнувате со работа е да ги следите своите страсти, а со нив ќе дојдат и парите. Њупорт тврди дека прво доаѓаат вештините, бидејќи истите ако се доволно развиени ќе ви отворат многу врати.
2. „The Black Swan“ од Nassim Taleb
Ретко кога имате можност да најдете книга која навистина ќе ви ги промени сфаќањата за светот, а оваа книга е една од ретките. Талеб вели дека поголемиот дел од луѓето се потпираат да претпоставките за иднината, но тоа ги прави поранливи.
3. „Lean In“ од Sheryl Sandberg
Оваа книга го разработува прашањето околу женскиот пол и водството преку вистински лични приказни и научни истражувања.
4. „The Power of Habit“ од Charles Duhigg
Ова е една навистина корисна книга за сите млади луѓе кои штотуку влегле во професионалниот свет во која главно патот до успехот се објаснува како комбинација на мали чекори и мали секојдневни навики.
5. „Give and Take“ од Adam Grant
Нашата култура вели дека треба да бидеме варварски настроени, ако сакаме да успееме професионално. Но, овој организациски психолог вели дека успехот се крие во нешто сосема друго.
6. „#GirlBoss“ од Sophia Amoruso
Оваа книга претставува професионална автобиографија на Аморусо, основач на онлајн малопродажната страна Nasty Gal.
7. „Think and Grow Rich“ од Napoleon Hill
Оние кои штотуку започнуваат со работа, бргу сфаќаат дека покрај вештините кои ги имаат напишано на своето CV важни се и социјалните вештини. Книгата претставува збирка на сите лични искуства на Карнеги и неговиот напредок од екстремна сиромаштија во еден од најбогатите луѓе на светот.
8. „How to Win Friends & Influence People“ од Dale Carnegie
Покрај Think and Grow Rich, оваа книга е уште еден бестселер кој останал популарен уште од времето на Големата депресија. Оваа книга е една од омилените на Ворен Бафет.
9. „Strengths Finder 2.0“ од Tom Rath
Идејата која се крие зад оваа книга е дека треба да престанеме да се фокусираме на нашите слаби страни и маани, а повеќе да се концентрираме на доблестите и вештините кои ни се силна страна.
10. „Zero to One“ од Peter Thiel
Денес живееме во време кога млади инженери стануваат милијардери, а оваа книга ги отвора вратите токму на овој свет.
11. „Getting Things Done“ од David Allen
Оваа книга е одлична за сите оние кои штотуку влегле во професионалниот свет, бидејќи учи како да си го организирате времето и да се соочувате со стресот на дневна база.
12. „Never Eat Alone“ од Keith Ferrazzi
Автобиографија во која ќе пронајдете лесни стратегии како да ги развиете вашите социјални вештини и да се пробиете на пазарот.
13. „The Hard Thing About Hard Things“ од Ben Horowitz
За оние кои се исцрпени од драматичниот оптимизам во биографиите на претприемачите, оваа книга е добредојдена промена. Хоровиц е основач на реномираната компанија Андерсен-Хоровиц и вели дека не постои магична формула која ќе ви помогне да успеете. Сè што ви треба е да сте одлучни и добро да следите што функционира за вас.
14. „The 4-Hour Workweek“ од Tim Ferriss
Насловот не треба да го сфатите во буквална смисла, книгата се однесува на тоа како преку откривање на мали трикови и вашите стравови можете да ја зголемите личната ефикасност и професионално да успеете.
15. „Mindset“ од Carol Dweck
Според психологот Двек од Стенфорд, клуч на успехот е нашето верување дека можеме да успееме.
Уште 15 предлози на следната страна...