„Смрт на Нил“ и уште 9 нови возбудливи филмови што ќе сакате да ги погледнете
Публиката со големо нетрпение ја дочека втората филмска адаптација на Кенет Брана кого уште еднаш го видовме во улогата на култниот белгиски детектив Херкул Поаро од романот „Смрт на Нил“ на Агата Кристи.
Овојпат, за разлика од „Убиство во Ориент Експрес“, филмот не доби толку многу пофалби, но и покрај тоа претставува визуелно-естетско уживање исполнето со возбуда и мистерија, сосема типично во стилот на Агата.
Кои возбудливи филмови вреди да ги изгледате уште денес?
Death on the Nile
Богата, гламурозна наследничка (Линет Риџвеј) е на меден месец со својот млад, атрактивен сопруг (Сајмон Дојл) во Египет.
На патувањето се придружени со неколку луѓе, а се чини дека насекаде ги следи поранешната вереница на Сајмон.
Неочекувано, еден од гостите е и детективот Херкул Поаро. А таму каде што е тој, секогаш несомнено има и злосторство.
The Contractor
Отпуштениот наредник од специјалните сили на САД, Џејмс Харпер, ризикува сè за своето семејство кога ќе ѝ се приклучи на една приватна организација.
The Burning Sea
Оператор на подморница се спушта на дното на океанот за да го спаси мажот што го сака од потоната нафтена платформа.
Panama
Поранешен маринец е ангажиран од страна на изведувач на одбраната да отпатува во Панама за да склучи договор за оружје. Во тој процес се вклучува во американската инвазија на Панама и учи важна лекција за вистинската природа на политичката моќ.
https://www.youtube.com/watch?v=O_FWx79_GNs
Moonshot
Во иднината, каде што Марс е тераформиран, двајца студенти се прикрадуваат на вселенскиот брод од Земјата до Марс со цел повторно да се обединат со нивните партнери.