10 филмови кои одлично ќе ви „легнат“ за време на новогодишниот викенд
Доколку планирате да ја поминете новогодишната вечер дома, ќе ви бидат потребни многу филмски предлози за претстојниот празничен викенд.
Подготвивме „микс“ од неверојатни филмови за сечиј вкус – од анимација, жешка романса, научна фантастика, до неверојатна хумористична сатира за човештвото која не смеете да ја пропуштите, како и доза сериозни филмови како првиот македонски филм кој се прикажува на Нетфликс – „Сестри“.
Каде и да сте, уживајте во новогодишната празнична магија со нашите одлични филмски предлози. И не заборавајте добро да се одморите.
Don’t Look Up
Двајца астрономи од потценетиот универзитет во Мичиген се обидуваат да го предупредат човештвото за кометата која се приближува кон планетата Земја и претставува закана за опстанокот на човештвото.
Сестри (Sisterhood)
Другарството на две млади тинејџерки станува токсично откако ќе објават експлицитно видео на Инстаграм од нивна соученичка која непосредно по немилиот настан, исчезнува.
The Matrix Resurrections
За да открие дали неговата реалност е физичка или ментална конструкција, г. Андерсон, познат како Нео, ќе мора да избере дали уште еднаш да го следи „белиот зајак“.
The Hating Game
Луси и Џошуа се безмилосни непријатели на работното место. Но, нивниот однос станува уште покомплициран кога двајцата ќе сфатат дека постои привлечност помеѓу нив.
Encanto
Мадригали се семејство кое живее скриено во планините на Колумбија во шармантното место наречено Енканто. Магијата на Енканто е да го благослови секое дете во семејството со уникатен подарок, освен Мирабел.