10 помалку познати серии на кои ќе се „навлечете“ после првата епизода
Никогаш доста од добри серии, зарем не? Сепак, дел од нив воопшто не се експонирани и не го заслужуваат потребното внимание, па многу лесно може да ви се провлечат под „радарот“.
Овојпат составивме список на 10 помалку познати серии на кои ќе се „навлечете“ после првата епизода. Љубов, секс, драма, смеа, но и возбуда, адреналин, напнатост и акција:
The Sex Lives of College Girls
Четири цимерки, сите различни по карактер, се обидуваат да се пронајдат себеси и својата ново здобиена слобода на престижниот кампус на колеџот Есекс.
Love Life
Дарби Картер е во потрага по љубов во нејзините 20-ти и 30-ти години, честопати барајќи ја на сосема погрешни места, додека луѓето што ги запознава оставаат траен впечаток врз нејзиниот живот.
A Million Little Things
Животите на група безгрижни пријатели од Бостон се менуваат кога еден од нив ненадејно ќе умре. Тие наскоро ја сфаќаат важноста на пријателствата.
https://www.youtube.com/watch?v=x0aB4nA5MOQ
Hellbound
Неземни суштества испорачуваат осуди, испраќајќи поединци во пеколот и создавајќи религиозна група основана на идејата за божествена правда.
After Life
Совршениот живот на Тони се менува целосно откако ќе умре неговата сопруга Лиза. По трагичниот настан, Тони, наместо самоубиство, одлучува дека повеќе би сакал да живее доволно долго за да го казни светот со тоа што ќе кажува и ќе прави сè што ќе му падне на памет.