Леонардо Ди Каприо јадел живо месо за The Revenant, иако е веган – актери кои отишле предалеку за улога
Џејми Дорнан
За улогата на сериски убиец во The Fall, Џејми навистина се однесувал како неговиот лик и вистински следел жена која излегла од метро во Лондон.
„Еден ден следев една жена која се симна од метрото за да видам како е навистина да демнете некој на тој начин. Ја следев извесен период, но по некое време си помислив дека тоа не е во ред“.
Леонардо Ди Каприо
Леонардо навистина се потруди за улогата што му го донесе првиот Оскар. Актерот е веган и активен борец за правата на животните, но за потребите на филмот изел живо месо од бизон.
Во филмот има и сцена каде што неговиот лик пробува да се стопли со мртвото тело на животно, а актерот навистина го направил тоа - наместо во реквизит, навистина влегол во мртво тело на животно.
Џејми Фокс
За маестралната изведба во Ray каде што го глуми слепиот музичар Реј Чарлс, Џејми Фокс се подготвил навистина добро.
14 часа дневно, актерот носел превез на очите за да почувствува како е да се биде слеп.
Подоцна Џејми откри дека во првите две недели од снимањето имал панични напади, а неретко колегите заборавиле дека не гледа, па не му помагале да се снајде на сетот.
Гери Олдман
Гери Олдман го глумеше Винстон Черчил во Darkest Hour, а за целосно да се внесе во улогата пушел пури како него.
Додека траело снимањето, Гери испушил пури во вредност од 20.000 долари, а добил и никотинско труење.
„Го глумев Винстон Черчил. Черчил не може да биде без пура“.
Кејт Винслет
За да се подготви за улогата во Ammonite, Кејт Винслет живеела сама, во изолирана колиба покрај плажа.
„Беше многу изолирано, ладно и целата куќа тропаше кога имаше бура. Кога снемуваше и струја, само си велев ’Кејт, што правиш? Оди во хотел како сите други‘“, открива актерката.
Вил Смит
Актерот последен пат го пробал методското глумење во филмот Six Degrees of Separation и тогаш дури се вљубил во неговата колешка.
„Завршивме со снимање и си отидов дома, но умирав за да ја видам. И тогаш си реков ’Леле што направив‘. Тоа беше моето последно искуство со методско глумење“.
Спирова С. | Црнобело