Натали Портман стравувала за животот, Хоакин Феникс мислел дека полудува – Актерите искрени за нивните најтешки улоги
Алекс Волф во Hereditary
Hereditary е доста вознемирувачки филм за гледање, па можеме само да замислиме како му било на Алекс кој ја има една од главните улоги.
„Кога размислував за улогата, размислував за сите вознемирувачки работи што се случуваа. Ме држеа будни навечер. Дури тешко ми е добро да опишам. Некое лошо чувство. Мислам дека не би можел да снимам уште една ваква улога без потоа да имам посттрауматски стрес“.
Ен Хатавеј во Les Miserables
Трагичната приказна на нејзиниот лик, заедно со драстичното слабеење, ја натерале Ен да мисли дека губи допир со реалноста.
„Бев многу истрошена – и физички и емоционално. Кога си доаѓав дома, не можев да правам ништо. Ми беа потребни недели откако заврши снимањето за да почнам повторно да се чувствувам нормално“.
Дакота Џонсон во Suspiria
Уште еден морничав хорор-филм кој имал лошо влијание врз едниот од главните актери. Филмот се снимал во напуштен хотел и имале доста лоши услови, а Дакота изјави:
„Поради филмот морав да одам на психијатар. Кога работите на нешто со мрачна содржина, тоа може да остане со вас, а кога ќе поразговарате со некого за тоа, можете да го надминете“.
Боб Хоскинс во Who Framed Roger Rabbit?
Додека филмот е од забавен карактер, за Боб, кој ја има една од главните улоги, снимањето оставило многу последици.
Во поголемиот дел од филмот „колегите“ на Боб се всушност анимирани ликови, па овие сцени морал да ги снима сам. За изведбата биде поуверлива, Боб почнал да ги замислува ликовите пред него, а потоа и да ги халуцинира и ова, нормално, му создало многу проблеми.
„На крај, имав многу проблеми со мозокот. Си седев и си зборував како вообичаено, па одеднаш ќе видев како ми излегува зајак или што било од палтото“.
Боб почнал да оди на терапија и лекарите му препорачале да не глуми барем неколку месеци, по што тој направи пауза од кариерата од околу една година.
Адриен Броди во The Pianist
Филмот е направен според вистинска приказна инспирирана од животот на пијанистот Владислав Шпилман за време на холокаустот, а Броди го глумеше токму него.
За да се подготви за улогата, актерот научи да свири пијано, се изгладнуваше и ги читаше мемоарите на Владислав за да си го доближи неговиот живот што е можно повеќе.
По снимањето му требале шест месеци за да се стабилизира.
„Имаше периоди кога бев загрижен дека можеби ќе полудам од сето ова, бидејќи не сфатив колку далеку сум отишол за улогата“.
Спирова С. | Црнобело