Најновиот хит „Тома“ и уште 5 одлични српски филмови и серии на Драган Бјелогрлиќ

„Тома“ е последниот филмски хит на киноблагајните во Србија кој ги руши сите рекорди на гледаност. Биографскиот филм за една од најголемите балкански ѕвезди, пејачот Тома Здравковиќ ја заведе публиката и сите се апсолутно воодушевени, а високата оценка од 9.3 на Imdb само потврдува дека филмот вреди да се изгледа.

Toma-i-uste-5-odlicni-srpski-filmovi-i-serii-na-Dragan-Bjelogrlic-01.jpg

Драган Бјелогрлиќ (58) одамна не може да се нарече „само актер“, бидејќи она што започна како скромна и ненаметлива кариера го претвори во еден од најквалитетните ликови во српската кинематографија, како актер, но и сценарист, продуцент и режисер.

Во следните филмски остварувања тој секаде го има ставено својот потпис во една или повеќе улоги.

Ова се филмови и ТВ серии кои вашите родители ќе ги обожаваат, но вреди да ги изгледаат и помладите генерации:

Toma

Животот на пејачот Тома Здравковиќ, кој е познат по својата музика, колку и по неговиот боемски начин на живот. Од неговите скромни почетоци во Лесковац, до национална слава и богатство низ регионот.

https://www.youtube.com/watch?v=FScqYLz6vvo

Vratice se rode

Приказна за двајца пријатели и ситни крадци кои се обидуваат да заработат за живот на секој можен начин, но не успеваат бидејќи среќата очигледно им го свртела грбот.

Montevideo, Bog te video

Фудбалски тим ги следи своите соништа со натпреварување на првото светско првенство во фудбал во Уругвај во 1930 година.

Senke nad Balkanom

Во турбулентниот период од доцните 1920-ти на Балканот, високата политика, локалните интереси, капиталот и криминалот се спојуваат заедно во неверојатна приказна со интриги и пресврти.

Ivkova Slava

Приказната се случува во Ниш, кон крајот на 19 век кога Ивко ја започнува својата куќна слава, а неговите најдобри пријатели одбиваат да си заминат од неговиот дом.

Lepa sela lepo gore

За време на војната во Босна, двајца пријатели од детството стануваат крвни непријатели, бидејќи трагичните околности на војната ги ставаат на спротивни страни, разоткривајќи ги најстрашните и најсурови аспекти на човечката природа.

https://www.youtube.com/watch?v=xdgg3g7STTQ

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 филмови кои треба да ги погледнете ако се борите со анксиозност На личностите кои живеат со анксиозност понекогаш им е навистина тешко да с...
Филмови кои треба да ги гледате кога ви треба промена во животот Кога се борите да излезете од моменталната ситуација, изгледајте го The Pursuit ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg