10 одлични филмови кои ќе ве внесат во есенско расположение
Покрај драстичното намалување на температурите и календарот официјално го означи доаѓањето на есента. Тоа значи многу повеќе време дома каде што е потопло, многу есенски сладости како варена пченка, печена тиква, како и многу филмови.
Филмови кои вреди да ги погледнете и целосно ќе се вклопат со вашето ново, есенско расположение:
Silver Linings Playbook
Пат Солитано, после 8 месеци поминати во институција за душевно болни лица, излегува надвор. Причината за ова – нападот на љубовникот на неговата поранешна жена.
Но, тој неочекувано ја запознава Тифани која го менува целиот негов живот.
My Salinger Year
Додека работи за литературниот агент Филис Вестберг, младата надежна писателка Џоана Ракоф добива лични совети од прославениот автор Џеј Ди Селинџер.
The Mauritanian
Адвокатот на одбраната, нејзиниот соработник и воениот обвинител откриваат далекосежен заговор додека го истражуваат случајот на осомничен терорист од 11 септември, кој е затворен во Гвантанамо, Куба цели шест години.
Son
Кога едно младо момче ќе се разболи од мистериозна болест, неговата мајка мора да одлучи до каде ќе оди за да го заштити од застрашувачките сили во минатото.
Percy
Перси Шмајзер, фармер од трета генерација, е тужен од корпоративен гигант за наводно користење на нивните патентирани семиња. Перси ги здружува силите со идниот адвокат Вивер и активистката за животна средина Ребека Салкау за монументален случај што води до Врховниот суд на САД.