На 5 години заплива во актерски води, ја освои публиката на турските серии - која е малечката убавица Маја Башол?
Пред нешто повеќе од два месеца започна втората сезона од турската серија „Чукни на мојата врата“ (Sen Çal Kapımı), серија која вирално го зазема вниманието на пошироката јавност.
Покрај главните ликови: прекрасната Ханде Ерчел (Еда) и Керем Бурсин (Серкан), кои се заедно и во приватниот живот, особено внимание привлече новата актерска улога – неодоливата Маја Башол (Кираз).
Maja e родена во 2015 година, а фотографиите споделени од нејзината мајка (Асја Башол) на социјалните мрежи од самиот момент на нејзиното раѓање ја претвориле во ѕвезда.
Ова мало девојче убавината ја наследило од мајка си, која е модел, а таа без сомнеж ги следи нејзините стапки, но и одлично се снаоѓа во актерските води.
Нејзината детска, природна убавина сјае, а на забележливиот шарм кој таа го поседува – тешко е да се остане рамнодушен.
Имено, покрај моделството и актерството, мајката на Маја отворила и нејзин YouТube канал, каде што секојдневно споделува различни активности од заедничките секојдневија.
Нејзиното екстремно експонирање на социјалните мрежи предизвика бура од реакции, како позитивни, така и негативни – бидејќи голем дел од широката популација смета дека на девојчето прерано му е препишана „возрасна“ улога.
Навистина зачудувачка е сличноста на малата Маја со прекрасната Ханде Ерчел, која всушност глуми нејзина мајка во гореспоменатата турска серија.
Во продолжение повеќе фотки од неодоливата Маја Башол:
Мила М. | Црнобело