10 нежни, романтични филмови на кои публиката не успеа да ги задржи солзите
La La Land
Себастијан и Миа се привлечени еден кон друг поради своите соништа. Но, соочени со успесите и неуспесите што ги доживуваат на патот кон славата полека се поставува прашањето – дали љубовта е доволна за да се одржи една врска?
The Vow
Пејџ доживува несреќа и е во кома. Кога се буди сфаќа дека не го препознава нејзиниот сопруг Лео. Но, тој е решен повторно да го освои нејзиното срце.
Every Day
Рианон е тинејџерка која се вљубува во дух кој секој ден се „сели“ од едно тело во друго. Наскоро, животите на младите љубовници се менуваат додека се соочени со носење на сериозна одлука.
Amour
Откако Ана ќе доживее удар, животот на сопружниците во поодминати години ќе се смени целосно од корен. Џорџ прави сè што е во негова моќ да ѝ помогне на љубовта на неговиот живот.
Remember Me
Тајлер е млад човек кој ја запознава Ени во необични околности. Таа му помага полека да ја надмине неговата траума, но тајната што ја чува Ени наскоро почнува да ги оддалечува еден од друг.
(О)Милена | Црнобело