10 нежни, романтични филмови на кои публиката не успеа да ги задржи солзите
Речиси никој не остана имун на следните 10 филмови кои со сигурност ќе ве натераат да пуштите некоја солза.
Нежни, романтични, тажни, но и со длабоки поенти, време е да ја нахраниме душата со љубов, па и да се исплачеме, бидејќи и тоа е потребно одвреме-навреме, нели?
Me Before You
Луиза (Лу) Кларк е млада девојка полна со ентузијазам и енергија. Откако ја губи работата, таа прифаќа нова и станува негувателка на млад, парализиран човек, богатиот Вил Трејнор.
The Fault in Our Stars
Хејзел и Августус се тинејџери кои се борат со рак. Тие се запознаваат во групата за поддршка. Наскоро решаваат да заминат на заедничко патување со Амстердам со цел да се запознаат со познат автор.
The Best of Me
Досон се враќа во родниот град поради погребот на човекот кој му значел повеќе од сопствениот татко. После толку многу години тој повторно се среќава со љубовта од неговата младост, Аманда.
Five Feet Apart
17-годишната Стела го поминува најголемиот дел од времето во болница поради цистична фиброза. Нејзиниот живот целосно се менува откако ќе го запознае Вил, харизматичен тинејџер кој страда од истата болест.
Charlie St. Cloud
Чарли работи на гробиштата и има неверојатна дарба да го гледа неговиот починат брат Сем. Кога Тес се појавува во неговиот живот тој мора да одбере помеѓу мртвиот брат и девојката којашто ја сака.