Речиси идентични – Како изгледаат каскадерите на најпознатите филмски актери?!
Голем број од најгледаните холивудски спектакли изобилуваат со необични и тешки физички подвизи, односно чинови кои бараат навистина посебна вештина.
Акробациите се одлика на многу акциони филмови. Покрај специјалните компјутерски ефекти и лажната перспектива, доколку актерот не е подготвен да скокне од автомобилот или пак да виси на работ од облакодерот, настапува неговиот „двојник“ – каскадер.
Каскадерите претставуваат асоцијација за исклучително познавање на боречки вештини, високо искачување, слободно паѓање, пукање, мечување, брзо возење, јавање коњ и разни активности во кои дел од филмските ѕвезди не сакаат да се вклучат.
Неминовно е да се истакне дека истите поминуваат низ ригорозен тренинг пред да се појават на светското, филмско платно, така што нивната улога е позначајна од прикажаното.
Покрај неоспорените вештини, каскадерот е квалификуван поради физичките сличности со дадениот актер, па неретко се случува тие да изгледаат речиси идентично.
Во продолжение за вас издвоивме низа светски актери и нивните каскадери – „двојници“ чија сличност ќе ве остави без зборови: