„Не ми се допаѓаше воопшто“ - Актери ги споделуваат своите искуства од снимањето на секс сцени
„За една секс сцена ми беа врзани рацете и нозете, имав превез на очите и ме удираа со некоја чудна работа. Тоа беше емоционално истоштувачко искуство“, вели Дакота Џонсон.
Од секс сцени со секс играчки до романтичен секс под тушот, актерите мора да одглумат сѐ.
Но, дали глумењето секс сцени е лесно и дали има нешто возбудливо во него?
Дакота Џонсон
„Снимањето на секс сцени не значи сензуална и пријатна атмосфера. Навистина не е сексуално возбудливо. Само се потиш и многу ти е непријатно. На пример за една секс сцена ми беа врзани рацете и нозете, имав превез на очите и ме удираа со некоја чудна работа. Тоа беше емоционално итоштувачко искуство.“
Џејми Дорнан
Џејми беше партнерот на Дакота Џонсон во „Fifty Shades of Gray“. И тој и Дакота велат дека снимањето на второто продолжение било полесно затоа што веќе добро се познавале и станале пријатели.
За снимањето на секс сцените вели: „Тимот требаше да работи напорно, се случуваше и по неколку обиди да не успееме и тоа ја одложуваше целата работа. Не го постигнувавме тоа што го планиравме, но на крајот сѐ испадна во ред.“
Тој додава дека се случувало да се засмеат, токму кога треба да одглумат дека доживуваат оргазам.
Хју Грант
„Јас секогаш уживам во снимањето на секс сцените, затоа што тоа е нешто забрането на некој начин. Инаку не е воопшто секси затоа што околу вас има цел тим луѓе и искрено мислам дека некои од нив се возбудени“.
Рајан Рејнолдс
Рајан Рејнолдс во 2011 година снимаше секс сцени со Оливија Вајлд во филмот „The Change-Up“. За своето искуство вели: „Имаше сцена каде таа седи и јас ја соблекувам, а на брадавиците од нејзините гради имаше залепено некои слатки лепенки што заборавив што требаше да кажам во сцената.“
Маргот Роби
Маргот Роби за снимањето на секс сцените во The Wolf of Wall Street со Леондардо ди Каприо вели: „Почнавме да снимаме, екипата го запали светлото и јас некако му ја потргнав главата на Лео на друга страна и му кажав да не ми ја блокира светлината, тој ме послуша, но тимот беше изненаден затоа што ретко кој би побарал Леонардо да не му пречи во нешто. Забавно беше.“
Кирстен Данст
За снимањето на секс сцените во филмот Fatal Temptation Кирстен открива: „Во мојата глава имаше само едно прашање – дали сме готови веќе? Лежев на подот со растргната облека, не ми се допаѓаше тоа. Искрено, само мислев на тоа кога ќе заврши.“
С. С. | Црнобело