10 извонредни цртани филмови кои нѐ учат на животни лекции
Цртаните филмови претставуваат неминовно важен елемент од детството.
Тие имаат магична моќ да го прикажат животот преку неодоливо спакувана, „шарена“ кутија, а меѓудругото суптилно да пренесат низа животни лекции, кои се од особена важност во понатамошниот развој на детето.
Иако навидум овие анимирани филмови се наменети само за деца, во нив особено задоволство наоѓаат возрасните, особено доколку станува збор за цртан филм кој во себе крие длабока, морална порака.
Подгответе ги вашите пуканки, бидејќи во продолжение за вас издвојуваме 10 извонредни цртани филмови кои во себе кријат важни животни лекции, во чие гледање со сигурност ќе уживате:
1. The Hunchback of Notre Dame, 1996 година
Дефинитивно, еден од најинтензивните и најзрели филмови на Дизни.
„Не судете ги луѓето врз основа на нивниот изглед“ – е најважната, морална порака на овој цртан филм, како и дека злобните луѓе на крајот ја плаќаат цената за своите гревови.
2. The Iron Giant, 1999 година
Задоволството може да дојде од најневеројатните места, во најизненадувачките форми.
Пријателството не секогаш е такво какво што мислиме дека е, и тоа е често многу поголемо отколку што некогаш сме мислеле дека може да биде.
22 години по неговото првично објавување, The Iron Giant нè учи за наклонетоста и несебичната грижа во односите.
3. Finding Nemo, 2003 година
Пронаоѓањето на Немо е неверојатен цртан филм кој нѐ учи дека можеме да живееме живот во „шаренила“, дури и како самохран родител.
Прикажувајќи ја прекрасната врска на татко и син, овој анимиран филм суптилно провлекува порака за сензибилизација на попреченоста, и низ бројните неволји на малиот Немо нѐ учи дека луѓето со какви било нарушувања се еднакви, сѐ додека им се даде соодветна поддршка.
4. Wall-E, 2008 година
Познат меѓу филмовите кои ја прикажуваат трагичната иднина, цртаниот филм Wall-E ја раскажува приказната за неодоливото роботче за управување со отпад, кое се среќава со друг робот и непланирано заминува во авантура.
Покрај тоа што овој анимиран филм на некој начин претставува предупредување за иднината, тој на посебен начин нè учи на вредноста на поврзаноста, пријателството и љубовта.
5. Kung Fu Panda, 2008 година
Најзабавниот „сет“ лекции по филозофија што некогаш можете да му ги пренесете на вашето дете се испреплетени токму во авантурите на овој одличен цртан филм.
Kund Fu Panda нѐ учи дека без оглед на тоа кои сме и какви сме можеме да постигнеме големи нешта во животот, само ако веруваме!