Анџелина Џоли во Maleficent и уште 9 актери за кои филмската шминка и костимите биле вистински кошмар
Иако специјалните компјутерски ефекти се користат повеќе од кога било, уште не можат да ја заменат вештината на мејкап артистите. Но кога станува збор за големи трансформации, целиот процес на шминкање не е воопшто лесен за актерите.
Секој ден, пред да почне снимањето, тие минуваат часови седејќи мирно додека мејкап артистите ги претвораат во ликот што го глумат.
Уште поневеројатно е што обично целата шминка, заедно со костумите што ги носат, им пречат при глумењето, но тие сепак завршуваат одлична работа.
Во продолжение погледнете за кои актери шминката и костимите биле вистински кошмар:
Сирша Ронан во Mary Queen of Scots
Додека траело снимањето, младата актерка морала да носи корсет секој ден по 12 часа за да го добие потребниот изглед на телото. Актерката изјави дека корсетот воопшто не бил удобен за носење, постојано чувствувала притисок и дишењето ѝ било отежнато.
Ралф Фиенес во серијалот Хари Потер
Во филмскиот серијал Хари Потер, Ралф го глуми Волдеморт, а костимот му претставувал најголем проблем. Имено, актерот постојано се сопнувал од долгата наметка, а под неа морал да носи хулахопки. Бидејќи не бил навикнат на ова парче облека, му било особено тешко да чекори како што треба.
Покрај шминката, бидејќи неговиот лик нема нос, на неговото лице биле поставувани маркери со чија помош експертите за специјални ефекти дигитално му го отстрануваат носот. Актерот морал да носи и вештачки заби.
Анџелина Џоли во Maleficent
Мејкап артистите завршиле одлична работа и Џоли изгледа неверојатно во Maleficent, но целиот процес не бил воопшто лесен за актерката.
Пред секое снимање, биле потребни околу 2 и пол часа за да ја трансформираат Џоли во нејзиниот лик, а самата актерка има изјавено дека не е воопшто трпелива.
Покрај истакнатите јаболкници и додатоците на ушите, актерката морала да носи и контактни леќи, но и вештачки заби.
После премиерата на филмот, Џоли изјави дека најголем проблем ѝ претставувале роговите – биле многу тешки и постојано ја болел вратот.
Истовремено, на снимањето носела штикли со висина од 12 сантиметри, а поради роговите, постојно си ја удирала главата.
Тилда Свинтон во The Grand Budapest Hotel
Во познатиот филм на Вес Андерсон, Тилда изгледа неколку децении постаро, а за да го постигнат овој ефект на мејкап артистите им биле потребни цели пет часа. Покрај тоа, и за отстранувањето на шминката било потребно приближно исто време, што значи Тилда минувала околу 10 часа на столчето за шминкање.
Таа вели дека издржала бидејќи нејзината улога е мала и била на снимање само неколку денови.
Бри Ларсон во Captain Marvel
Бри немала проблеми со шминката, но костимот што го носи во филмот бил многу неудобен. Таа откри дека секогаш го облекувала со помош на двајца асистенти, а целиот процес траел најмалку половина час. Асистенти ѝ помагале на актерката дури и кога морала да оди во тоалет.