Анџелина Џоли во Maleficent и уште 9 актери за кои филмската шминка и костимите биле вистински кошмар
Хелена Бонам Картер во Planet of the Apes
Хелена откри дека снимањето почнувало во 7 наутро, но таа морала да се буди во 2-3 часот бидејќи нејзината трансформација траела околу четири часа.
Во филмот актерката носи маска која не можела да ја вади додека трае снимањето, па јадењето и пиењето биле вистински предизвик. Истовремено, постојаното триење од маската значително ѝ го отежнувало глумењето, а поради големите вештачки уши едвај ги слушала нејзините колеги.
Кристина Ричи во Penelope
Само за да ѝ го направат носот на Кристина во Penelope, на мејкап артистите им биле потребни речиси два часа. Додека траел процесот, Кристина воопто не смеела да ја мрда устата.
Гери Олдман во The Darkest Hours
Трансформацијата на Гери Олдман во оскаровецот The Darkest Hour e навистина неверојатна. За да го трансформираат во Винстон Черчил, пред секое снимање, на мејкап артистите им биле потребни скоро 4 часа. Покрај тоа, на секое снимање актерот морал да носи корсет и додатоци за да изгледа речиси идентично со Черчил.
Актерот откри дека ја носел шминката и облеката на Черчил 18-20 часа дневно, 48 денови по ред. И покрај сето ова, тој заврши одлична работа во филмот и дефинитивно си го заслужи Оскарот.
Рејчел Броснахан во The Marvelous Mrs. Maisel
Бидејќи дејството на серијата е сместено во Америка во 60-тите, актерката постојано морала да носи корсет под фустанот. Таа изјави дека корсетот бил толку тесен, што претрпела и повреди.
Актерката вели дека бидејќи морала да зборува побрзо, на моменти не можела да дише правилно. Серијата се емитува веќе 4 години, па поради честото носење на корсетот, сега Рејчел имала проблеми со дишењето.
Џенифер Лоренс во X-Men
Актерката ја доби улогата на Мистик, а бидејќи станува збор за лик чие тело е сино, шминкањето не било воопшто лесно. Во едно интервју Џенифер откри дека на почетокот шминкањето траело од 8 до 9 часа, а најчесто морала да стои или да седи на велосипед додека трае целиот процес.
Бидејќи актерката ја репризираше улогата во три продолженија на серијалот, таа откри дека со текот на времето мејкап артистите станале побрзи, па завршувале за „само“ три часа.
Поради шминката, Џенифер едвај одела во тоалет, а еден период ѝ било толку тешко, што сериозно размислувала да ја напушти франшизата.
Спирова С. | Црнобело