Најдобрите филмови од 2021 кои имавме шанса да ги изгледаме досега
Поради пандемијата, многу филмски премиери се одложија за „подобри времиња“. Но, се чини дека индустријата како и гледачите не може да чекаат до бесконечност, па многу филмови кои беа оставени на „чекање“ ги дочекаа своите „5 минути“ на филмското платно.
Кои се најдобрите филмови кои излегоа досега во текот на 2021 година?
Herself
Сандра, млада мајка, успева да избега од канџите на сопругот кој ја малтретира и почнува да се бори против општествениот систем. Во процесот на изградба на нов дом за себеси, таа повторно се открива себеси.
One Night in Miami
Фиктивна приказна за 4 легенди. Во Мајами, ноќта, на 25 декември, 1964 година се среќаваат Касиус Клеј, Џим Браун, Сем Кук и Малком Екс.
Penguin Bloom
По доживеаната несреќа, Саманта Блум е парализирана од градите надолу. Една година подоцна, нејзините деца носат повредена страчка којашто ја нашле. Таа почнува полека да се спријателува со новото милениче.
Little Fish
Момче и девојка грчевито се обидуваат да ги зачуваат сеќавањата, додека им се заканува вирус кој има способност да ја брише меморијата. Дали ќе успеваат да го зачуваат сеќавањето на љубовта и себеси?
The World to Come
Некаде во средината на 19 век на источниот брег во САД, две соседски семејства се соочуваат со изолацијата и прекрасната, но сурова природа којашто ги опкружува.