Скриено задоволство: 10 филмови на кои превртуваме очи, а потајно уживаме додека ги гледаме
Овие т.н. guilty pleasure филмчиња секако немаат превисоки оценки, ниту пак особено добри критики. Некои од нив, и покрај огромната популарност, се апсолутно бесмислени и премногу сладникави „лимонади“.
Сепак, потајно обожаваме да ги гледаме затоа што навистина не е потребно премногу да го вклучиме мозокот:
To All the Boys: Always and Forever
Во последниот дел од популарната трилогија за Лара Џин снимен според истоимената книга, таа и Питер се подготвуваат за факултет. Нивната желба е двајцата да бидат примени на Стенфорд, бидејќи сите други опции во спротивно нема да го издржат тестот наречен љубов на далечина.
The Kissing Booth 2
Во вториот дел од популарниот серијал, Ноа оди на Харвард, а Ел останува дома и се подготвува за матурата. Дали нивната љубов ќе успее да опстане и покрај сите препреки?
The Longest Ride
Лук и Софија имаат неверојатна хемија помеѓу нив. Искрата згаснува поради нивните спротивставени ставови во однос на кариерата.
I Feel Pretty
Рене е несигурна во врска со својот изглед и има ниска самодоверба. Но, после незгоден пад таа се буди уверена дека е најубавата жена на светот.
Confessions of a Shopaholic
Ребека Блумвуд е зависна од шопинг и прифаќа работа како колумнист за финансии за да може да го плати огромниот долг направен на нејзините кредитни картички.
https://www.youtube.com/watch?v=npFBRp716Qw&ab_channel=finerjared