Како изгледаат актерите во споредба со вистинските ликови од популарните биографски филмови?
Биографските филмови се одличен начин да го исполните слободното време, а притоа да научите нешто.
Изминативе деценија-две имавме можност да погледнеме многу одлични биографски филмови, а за повеќето, режисерите очигледно се потрудиле за да ги најдат соодветните актери.
Па, погледнете како изгледаат актерите во споредба со вистинските ликови од најпопуларните биографски филмови:
Bohemian Rhapsody
Ова е филмот што ја раскажува приказната на култниот бенд Queen, а улогата на Фреди Меркјури му припадна на Рами Малек (лево).
The Imitation Game
The Imitation Game e филм за Алан Тјуринг – „таткото“ на компјутерите и мажот кој ја декодирал германската машина позната како „Енигма“. Неговиот лик го глумеше Бенедикт Камбербач (лево).
Frida
Во биографскиот филм за Фрида Кало ја гледаме Салма Хајек (лево) во главната улога, а сличноста помеѓу двете жени е неверојатна.
The Social Network
Во филмот кој раскажува за настанувањето на социјалната мрежа Фејсбук, ликот на Марк Закерберг го глуми Џеси Ајзенберг (лево).
The Wolf of Wall Street
Филмот е направен според животната приказна на Џордан Белфорт, а улогата му припадна на Леонардо ди Каприо (лево).