10 филмови поради кои (повторно) ќе си го засакате животот
На сите ни треба оддишка после годината којашто ја преживеавме, малку мотивација и многу позитивна енергија. Понекогаш ни се чини дека животот е целосно бесмислен. Која е поентата на истиот?
Филмската уметност со години се обидува да даде одговор на овие прашања. Овие 10 одлични филмови ќе ви ја дадат потребната мотивација поради која ќе си го засакате животот:
The Art Of Getting By
Џорџ е осамен тинејџер кој одбива да оди на училиште. Но, работите почнуваат да се менуваат кога се здружува со Сали, девојка очигледно која го има рецептот за мотивација за Џорџ да почне да присуствува на часовите.
Yes Man
Карл е млад, несреќен човек кој е незадоволен од својот живот и сè уште не може да ја преболи поранешната љубов. Што ќе се случи кога ќе започне да вели „Да“ на сè што животот има да му понуди?
The Pursuit of Happyness
Крис Гарднер нема среќа во животот. Неговата жена го напушта и тој останува со малото синче. Доведен на раб на егзистенција, тој започнува да работи за една брокерска компанија, докажувајќи дека надежта навистина е најсилното нешто кое нè движи.
The Art of Racing in the Rain
Ензо е златен ретривер и неразделниот другар на Дени, возач во Формула 1. Динамиката помеѓу кученцето и сопственикот се менува кога во нивниот живот ќе влезе прекрасната Ив.
Miracles from Heaven
10-годишната Ана страда од ретко заболување за кое не постои лек. Со помошта на нејзината мајка, Ана ќе доживее необјаснив феномен за кој ниту докторите немаат точно објаснување.