Актерите ги учеле потезите, шаховски партии смислени од Гери Каспаров – забавни факти за серијата The Queen’s Gambit
Во серијата требало да глуми и вистински шахист
Креаторите на серијата му понудиле улога на познатиот шахист Гери Каспаров. Имено, тој требало да го глуми ликот на Боргов. Каспаров ја одбил улогата, но решил да помага зад камерите.
Каспаров работел на партиите шах што ги гледаме во серијата
Наместо да глуми, Каспаров ги смислувал партиите шах во серијата, заедно со шахистот Брус Пандолфини. Потоа им помагале на актерите да го научат буквално секој потег.
Актерите ги учеле и „брзите“ партии шах
Овие партии изгледаат нереално, па навистина е неверојатно што актерите го учеле секој потег, па навистина ја играле партијата пред камера.
Актерката Ања изјави дека часовите по балет ѝ помогнале полесно да ги запомни движењата на рацете, а неретко ги учела пред самиот почеток на снимањето.
Облеката на Бет е инспирирана од шахот
Покрај неверојатните партии, она што привлекува многу внимание во серијата се и модните комбинации на главниот лик. Дизајнерите кои работеле на костимографијата сакале да ја прикажат нејзината љубов кон шахот и преку облеката, па речиси секоја комбинација на Бет е инспирирана од играта.
Ања не знаела да игра шах кога ја прифатила улогата
Актерката не знаела речиси ништо за шахот пред да почне снимањето, но смета дека токму тоа ѝ помогнало подобро да го долови ликот на Бет:
„Бет го открива светот на шахот, а бидејќи истото ми се случуваше и мене, можев подобро да го доловам нејзиниот восхит“.
Спирова С. | Црнобело