Актерите ги учеле потезите, шаховски партии смислени од Гери Каспаров – забавни факти за серијата The Queen’s Gambit
Во октомври годинава на Netflix се појави нова мини-серија – The Queen’s Gambit. Не помина ни една недела од премиерата на серијата, а социјалните мрежи и медиумите беа преплавени со информации за неа.
Дејството на серијата е сместено во 1950-тите и ја раскажува приказната за една девојка по име Бет, која по смртта на нејзината мајка завршува во сиропиталиште.
Бет ја открива играта шах и додека се справува со емоционалните проблеми и зависностите, се обидува да стане најдобриот шахист во светот.
Во продолжение неколку забавни факти за оваа новата серија:
Серијата е направена според книга
The Queen’s Gambit е снимена според истоимената книга на Волтер Тевис. Авторот има напишано само шест книги, од кои дури четири добиле екранизирана верзија. The Hustler, The Color of Money и The Man Who Fell to Earth си добија свој филм, а според The Queen’s Gambit е снимена серијата.
Адаптацијата на книгата прво била замислена како филм
Актерот Хит Леџер добил идеја да направи филм според книгата, а во главната улога ја замислувал Елен Пејџ. За жал, поради неговата смрт во 2008-ма, идејата останала нереализирана.
Актерката Ања Тејлор-Џој ја прифатила улогата уште пред да се напише сценариото
Кога од Netflix ѝ понудиле на Ања да ја глуми главната улога, таа се согласила уште пред да биде напишано сценариото. Наводно, актерката само ја прочитала книгата која многу ѝ се допаднала, па веднаш го побарала режисерот за да зборуваат за улогата.
Ликот Бени Вотс е инспириран од вистинска личност
Авторот на книгата има изјавено дека ликот Бени Вотс е инспириран од вистински шахист. Станува збор за Боби Фишер, кој на 13-годишна возраст победи во таканаречената „Шаховска партија на векот“. Партијата се одржа во 1956, а Боби играше против Доналд Бирн, кој тогаш беше еден од најдобрите шахисти од Америка.