5 комични серии кои ќе ви извлечат насмевка на лицето во овие тешки времиња
Никогаш доста од смеа. Во овие тешки времиња навистина ни е најпотребна добра енергија и насмевки на лицата.
Доколку сте во потрага по добри комични серии ви ги препорачуваме следните 5 за опуштање и релаксирање:
You Me Her
Џек и Ема се соочуваат со монотонија во бракот. Сè уште немаат деца, а се чини дека и страста полека згаснува во нивната врска. Сè додека не ја запознаат харизматичната Изи, која очигледно, и двајцата ги привлекува подеднакво.
Grace and Frankie
Уште откако паметат за себе, Грејс и Френки се ривали. Нивното ривалство сепак е ставено на пауза кога ќе дознаат дека нивните сопрузи се вљубени еден во друг и сакаат да се венчаат.
The Other Two
Маж со големи амбиции да стане актер и неговата сестра Брук, поранешна професионална танчарка, се обидуваат да го најдат своето место „под сонцето“. Во меѓувреме, нивниот 13-годишен брат Чејс се прославува на интернет.
The Boys
Група одмаздници се на мисија да ги неутрализираат корумпираните суперхерои кои ги злоупотребуваат своите моќи.
https://www.youtube.com/watch?v=06rueu_fh30
Schitt’s Creek
Брачна двојка одеднаш банкротира и единственото преостанато богатство што го имаат е лоцирано во грдото, мало гратче по име Шитс Крик.
(О)Милена | Црнобело