Том Круз (57) опуштено си седи на покривот од воз што се движи за време на снимањето на Mission Impossible 7 (видео)
Моментално, Том Круз работи на снимањето на седмото продолжение од серијалот Mission Impossible, а некои фанови имале среќа да го фатат во акција.
58-годишниот актер бил забележан со филмската екипа во Норвешка, и тоа на покривот на воз кој се движи.
Тиктокерот Томас Хаугленд Спангело успеал да го сними и го објавил видеото на TikTok. Во еден момент, актерот се свртува кон камерата, па дури и му се насмевнува и му мавта на Томас.
Зачудениот фан го објавил видеото со опис: „Дали си седи таму?“
@tomaspangelo Halla Tom ##fyp ##norway ##missionimpossible ##norge ##hype
♬ DET ER HAN SOM SITTER DER - Tomas Haugland Spangelo
Покрај Томас, уште еден фан имал среќа да го види актерот качен на возот, а овојпат видеото е објавено на Instagram.
„Понекогаш сте на вистинското место во вистинското време“, сто во описот на видеото на кое се гледа како актерот се подготвува да почне со снимање на сцената.
За Том Круз е познато дека и покрај тоа што ѝ се доблжува на шестата деценија од животот, не се плаши да снима опасни сцени. Неодамна се појавија и други снимки и фотографии од снимањето на седмото продолжение на Mission Impossible, каде што Том бестрашно скока со мотор и со падобран.
Снимањето на Mission Impossible 7 веќе беше одложено поради пандемијата, поради што премиерата беше поместена за ноември следната година. Бидејќи филмската екипа не сака повторно да прават паузи сред снимање, се појавија гласини дека Том Круз најмил брод по цена од половина милион фунти, што можат да го користат за патување.
Истовремено, целиот тим нема никаков контакт со луѓе кои не се дел од сетот, за целосно да се намали можноста од заразување.
Спирова С. | Црнобело