Фантастичната Шерлок со Бенедикт Камбербач слави 10-годишнина – ќе има ли нова сезона?
Копродукцијата BBC-PBS ја прославува 10-годишнината на еден од своите најуспешни ТВ проекти во историјата – фантастичната серија Шерлок со Бенедикт Камбербач и Мартин Фримен во главните улоги.
Шерлок беше подеднакво прифатена со аплауз и ентузијазам како од критичарите, така и од публиката по премиерата во 2010 година. Се чини дека ниту една друга екранизирана верзија на Шерлок Холмс не ја доловила хемијата како овaа помеѓу детективот и докторот Џон Вотсон.
Креаторите на серијата Стивен Мофат (кој воедно се потпишува и како сценарист на Doctor Who) и Марк Гатис е најгледаната драма во Велика Британија од 2001 година наваму, односно сезоната бр. 1 која излезе во 2014 година. Истата година и Камбербач и Фримен освоија Еми награди.
Серијата брои вкупно 4 сезони + една дополнителна, специјална епизода со викторијанска тема, но обожавателите немаат видено нова епизода уште од 2017 година и последната „The Final Problem“.
Во тој временски период, Мофат даде двосмислена изјава за иднината на серијата. „Иднината на Шерлок дојде на крајот. Од поглавјето 1“, што остави простор за многу шпекулации околу евентуалните нови епизоди.
Но, после 3 и пол години, една од најдолгите паузи во историјата на Шерлок, нема никакви новости во врска со продолжување на приказната. „Немаме планови во моментов“, изјави Гатис за време на една емисија минатиот ноември.
Со оглед на тоа што двајцата главни актери станаа големи ѕвезди во текот на годините, најтешко е да се усогласат нивните распореди.
„Навистина не знам дали ќе има нови епизоди. Неверојатно тешко е да се усогласат распоредите на Бенедикт и Мартин“, изјави Гатис во февруари, 2017 година.
Во меѓувреме, двајцата сценаристи ја создадоа ТВ серијата Дракула која имаше премиера на Нетфликс на почетокот на годината.
Фримен воедно изјавил дека не е сигурен дали ќе ја прифати улогата на Џон Вотсон уште еднаш. „Но доколку станува збор за нешто навистина специјално и интересно, мислам дека сите ќе бидеме отворени кон тоа прашање“.
Засега, сигурно е дека ќе нема нови епизоди од Шерлок во блиската иднина. Останува само да се потсетиме на старите епизоди од една од најдобрите серии во ТВ историјата.
(О)Милена | Црнобело