Џеки Чен – 142 улоги: Славни актери и актерки кои во нивната кариера снимиле над 100 филмови
Семјуел Л. Џексон – 191 улога
71-годишниот актер првата филмска улога ја доби во 1973-та, но успеа да се прослави дури кога го сними Pulp Fiction.
Филмовите во кои се појави после тоа му помогнаа да се докаже како актер, па денес тој може да се пофали со дури 191 улога.
Доналд Сатерленд – 194 улоги
На почетокот од кариерата, во раните 1960-ти, актерот добивал мали филмски и телевизиски улоги. Откако се појави во филм со Кристофер Ли, Холивуд почна да го забележува.
Во неговата кариера тој се има појавено во 194 филмови, а поради ова доби и почесен Оскар.
Кристофер Пламер – 216 улоги
Кариерата на Кристофер трае 7 децении и иако се им појавено во над 200 филма, тој изјави дека и на 90 години, уште се подготвува за следната улога.
Актерот има работено во и во театар и во телевизија, а има добиено многу филмски награди, вклучувајќи и Оскар.
Кристофер Ли – 282 улоги
Актерот почина во 2015-та на 93 години, а зад себе остави речиси 300 филмови.
Неговата кариера започна во 1940-тите, а беше дел од некои од најдобрите филмски остварувања, вклучувајќи ја и адаптацијата на Lord of the Rings.
Дени Трехо – 404 улоги
Актерот со мексиканско потекло има навистина необичен живот – во младоста имал проблеми со законот, па дури и одлежал долга казна затвор, а денес е холивудска ѕвезда.
Филмската кариера ја започна во 1985-та, а оттогаш се има појавено во над 400 филмови.
Ерик Робертс – 577 улоги
Братот на Џулија Робертс има едвај 64 години, но во овој период успеал да се појави во над 500 филмови.
Уште на почетокот од кариерата тој заработи номинација за Златен Глобус, а има изјавено дека и покрај тоа што снима 74 филмови годишно и никогаш не одбива улога, глумењето воопшто не му станало здодевно.
Спирова С. | Црнобело