10 филмови кои ќе ви го одвратат вниманието од ужасната 2020 година
Некои филмови имаат моќ да го поправат и најлошиот ден, недела или година којашто ја имате во животот. Тие се едноставно волшебни и за момент нè тераат да заборавиме на суровоста на животот и неправдите.
Доколку сакате да си го одморите мозокот и да се препуштите на забава и пријатни чувства, бришејќи ја лошата недела од календарот, погледнете ги нашите 10 филмски предлози:
Feel The Beat
Ејприл се обидува да ја започне својата професионална кариера на Бродвеј, но се соочува со тешкотии. Таа се враќа во својот дом во малиот град, каде што зад себе го оставила и поранешното момче.
Ејприл е пред нов предизвик – да им стане ментор на група девојчиња чија единствена пасија, исто како и нејзината, е танцот.
The Half of It
Ели Чу е прилично повлечена девојка со одличен успех. Кога еден од спортистите во училиштето ќе ја најми за таа да ѝ напише писмо на девојката која му се допаѓа, Ели сфаќа дека имаат иста симпатија.
Love, Simon
Сајмон е тинејџер кој има прекрасно семејство и супер пријатели. Сепак, тој крие тајна која смета дека ќе му го упропасти животот и е премногу плашлив да ја сподели со кого било. Освен со анонимното момче со коешто тајно се допишува.
Wine Country
6 пријателки започнуваат да ја преиспитуваат нивната заедничка дружба додека се на патување во долината Напа, Калифорнија, со цел да го прослават 50-тиот роденден на едната од нив.
Emma
Најновата филмска адаптација на популарното дело на Џејн Остин нуди свеж поглед на Ема, млада, богата и по малку разгалена девојка која ужива да се вмешува во животите на другите луѓе и да изигрува стројник.