10 филмови од 21 век со одлични краеви кои нема да ве разочараат
Carol (2015)
Младата Тереза работи како продавачка во луксузна стоковна куќа на Менхетен. Нејзиниот живот добива неочекуван правец откако ненадејно ќе се вљуби во постарата софистицирана Керол.
Lost in Translation (2003)
Боб е американски актер кој слетува во Токио за снимање нов филм. Шарлот е млада жена која е оставена од страна на нејзиниот сопруг кој е фотограф. Двајцата се впуштаат во необично пријателство.
The King’s Speech (2010)
Кралот Џорџ VI се обидува да го надмине проблемот со пелтечењето со помош на логопед по име Лајонел Лог. Кралот дава сè од себе да докаже дека е моќен и заслужен лидер на својата земја за време на Втората светска војна.
Moonlight (2016)
Млад Афро-Американец се соочува со растењето и сопствената сексуалност додека ја искусува секојдневната борба на созревањето. Сепак, советите коишто ги добил од Хуан во одреден дел од животот се чини дека се бесценети.
Whiplash (2014)
Ендру го започнува своето образование во музички конзерваториум. Неговата желба е да стане одличен тапанар, но неговиот ментор Теренс Флечер е ексцентричен професор со прилично неконвенционални методи на предавање.
(О)Милена | Црнобело