10 филмови од 21 век со одлични краеви кои нема да ве разочараат
Многупати сме слушнале дека крајот го краси делото. Во овие 10 одлични филмови крајот е дефинитивно јаготката на шлагот.
Кинематографијата на 21 век изобилува со илјадници филмски ремек-дела, а ние одбравме скромни 10 со одлични завршетоци кои дефинитивно нема да ве разочараат:
Inception (2010)
Ремек-делото на Кристофер Нолан ја раскажува приказната за Коб и неговиот тим, кои се истренирани да влезат во туѓите соништа и да украдат нечија мисла. Но, што кога еден од моќните клиенти на Коб ќе му даде задача да вметне туѓа идеја во нечиј друг ум?
Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004)
Што кога врската тргнува наопаку и сметате дека истата е најдеструктивното нешто во вашиот живот? Што би направиле доколку истата може едноставно да ја избришете, како никогаш да не се случила?
No Country for Old Men (2007)
Животот на еден ловец се менува целосно откако ќе открие 2 милиони долари после пресметката на нарко дилери. Но, тој е прогонуван од страна на психопатски убиец кој ги сака парите за себе.
Phoenix (2015)
Берлин, 1945 година: пејачката Нели Ленз се враќа во Берлин со деформирано лице, откако одвај успеала да преживее во концентрационите логори. Таа одбива да верува дека нејзиниот маж Џони ја предал на нацистите. Откако ќе го среди лицето со помош на пластична хирургија, таа тргнува да го најде и да ја открие вистината.
Amour (2012)
Џорџ и Ен се долгогодишна двојка во своите 80-ти години. Откако Ен ќе доживее удар тој мора да се грижи за неа, соочувајќи се со предизвиците и чувствата кои воопшто не ги очекувал.