Култни филмови што наскоро ќе нè израдуваат со ново продолжение
Bill & Ted: Face the Music
Омилените ликови од 90-тите повторно се враќаат на филмското платно, а во главните улоги уште еднаш ќе ги видиме Киану Ривс и Алекс Винтер.
Во новото продолжение, Бил и Тед ќе бидат посетени од патник од иднината, кој ќе им каже дека нивната музика ќе го спаси светот.
Премиера: август 2020
Fast and Furious 9
Во деветтото продолжение на филмот, негативецот Сајфер ќе сака да му се одмазди на Доминик. И овојпат, улогата на Доминик му припаѓа на Вин Дизел, а покрај него, во филмот ќе се појави Шарлиз Терон како Сајфер. Нормално, дел од актерската екипа е и Мишел Родригез.
Премиера: април 2021
Coming 2 America
32 години после неговото патување во Америка, принцот Аким се враќа во САД.
Овојпат, тој се обидува да го најде неговиот изгубен син, кој е единствениот наследник на неговиот трон.
Во главната улога повторно ќе го гледаме незаменливиот Еди Марфи.
Премиера: 18 декември 2020
Legally Blonde 3
Првите гласини за ново продолжение од култниот Legally Blonde започнаа уште во 2018-та. До неодамна не се знаеше ништо со сигурност, но Рис Витерспун ги израдува фановите кога и официјално потврди дека ќе ја репризира нејзината улога.
За дејството на филмот нема речиси никакви детали, но сигурно нема да бидеме разочарани. Засега, не е познат ни датумот на премиерата на филмот.
Pirates of the Caribbean 6
Малку се знае и за ова продолжение, а најверојатно главната улога нема да му припаѓа на Џони Деп. Постојат и гласини дека главниот лик ќе биде женски, но и дека постои можност барем накратко да го видиме Џони во улогата на капетан Џек Спероу.
Датумот на премиерата е непознат.
Спирова С. | Црнобело