10 инспиративни филмови кои ќе ве натераат да верувате во себеси и ќе ви го променат животот
На сите ни е потребна инспирација додека се соочуваме со сопствените демони. Генерално сите сакаме да бидеме подобри луѓе, иако на моменти се чувствуваме изневерено и ја губиме надежта во животот и добрината на оние околу нас.
Сепак, доколку сте во потрага по инспиративни приказни кои ќе ви ја зајакнат самодовербата и ќе ви дадат мотивација за потребната промена, погледнете ги следните 10 одлични филмови:
Тhe Help (2011)
Скитер е девојка која потекнува од богато семејство, но ги крши сите општествени правила и норми. Таа е млад, надежен автор која решава да напише книга за црнците кои работат сите како слуги и борбите кои ги водат секојдневно.
Waking Life (2001)
Млад човек се префрла од еден во друг сон, сретнувајќи различни луѓе со кои води различни разговори и доживува неверојатни искуства на патот кон спознавањето на себеси и целта на животот.
The First Time (2012)
Двајца тинејџери од различни средни училишта случајно се среќаваат на истата забава. Меѓу нив се развива инстантна привлечност и се вљубуваат неверојатно брзо еден во друг.
The Secret Life of Walter Mitty (2013)
Волтер Мити води неверојатно монотон живот во кој најчесто фантазира додека е буден со цел да ја избегне здодевноста. Но, кога постои опасност да ја изгуби работата, Волтер тргнува на неверојатно реално патување, полудо од сите негови фантазии.
https://www.youtube.com/watch?v=HddkucqSzSM
Inside Out (2015)
Малата Рајли се сели во Сан Франциско. Сите нејзини емоции – среќа, тага, страв, гнев и разочарување се во конфликт додека таа се обидува да се адаптира на новиот начин на живот и новото училиште.