10 инспиративни филмови кои ќе ве натераат да верувате во себеси и ќе ви го променат животот

If I Stay (2014)

Миа доживува несреќа за време на патот кон нејзините баба и дедо. Иако е во кома, таа преживува неверојатно искуство – дали да продолжи кон светлината или да остане да живее сосема поинаков живот отколку што замислувала.

The Perks of Being a Wallflower (2012)

Чарли е 15-годишен интроверт кој нема пријатели и страда поради огромна загуба и траума коишто ги доживеал. Сепак, откако ќе ги запознае Сем и Патрик, животот изгледа помалку тежок од претходно…

The Motorcycle Diaries (2004)

Ернесто Гевара, студен по медицина, полека ја пронаоѓа целта во животот кога со мотор започнува патување низ Јужна Америка заедно со неговиот пријател, биохемичарот Алберто Гранадо.

Che: Part One (2008)

Неверојатна вистинита приказна за Ернесто Че Гевара, кој заедно со следбениците на Фидел Кастро ќе мобилизира армија со цел да го урне режимот на кубанскиот диктатор Батиста.

50/50 (2011)

Адам е 27-годишен радио новинар. Неговиот живот се превртува наопаку кога дознава дека боледува од рак на ’рбетот. Шансите да преживее се 50/50 и додека се бори за сопствениот живот осознава многу работи за пријателството и љубовта.

https://www.youtube.com/watch?v=gsEOl7nlXcA

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg