Предлог филмови за деца – одлични за деновите кога цело семејство е на купче дома
Ако имате мало дете, веројатно досега ви се смачи од гледање цртани наменети само за деца.
За среќа, некои режисери ги земаат предвид и родителите, па создаваат филмски ремек-дела во кои ќе уживаат и децата, и возрасните.
Па, за следната филмска вечер со вашето малечко, изгледајте некој од следниве предлози:
Remi sans famille
Филмот е адаптација на новелата Sans Famille и е вистинско уживање за целото семејство.
Приказната почнува во едно сиропиталиште, каде што еден стар човек им раскажува на децата за неговото детство. Човекот се вика Реми и имал прекрасно детство, сè додека татко му не го снашла неволја.
Реми за малку ќе завршел во сиропиталиште, но благодарение на поранешниот виолинист Витлис, неговиот живот почнува да се движи во нова насока.
Mrs. Doubtfire
Нема да погрешите со ниту еден филм во кој главната улога му припаѓа на Робин Вилијамс.
Во оваа слатка приказна, главниот лик Даниел Хилард се соочува со развод. Проблемот е што тој има три деца кои неизмерно ги сака, а сега не може да го минува времето со нив.
Откако Даниел ќе разбере дека поранешната сопруга бара дадилка за децата, тој ги презема работите во негови раце – се преправа во извесна госпоѓица Даутфаер и се пријавува за огласот.
Matilda
Се сеќавате ли на паметната Матилда којa можеше да мрда предмети со нејзините мисли?
Матилда е девојче кое сака книги, но расте во ужасно семејство. Додека во домот мора да се справи со лошите родители, на училиште непријателот е злобната директорка.
Набрзо Матилда открива дека има неверојатна моќ – може да ги мрда предметите околу неа само со нејзините мисли. Па, одлучува да го искористи ова во нејзина корист.
I Kill Giants
Барбара е млада и понекогаш осамена девојка која е огромен фан на играта Dungeons and Dragons. Девојчето има бујна фантазија и верува дека нејзиниот град е мета на џинови од некој друг универзум, па си дава задача да ги најде и да ги убие.
Сите ѝ велат дека џиновите не постојат, но Барбара не се откажува така лесно.
Incredibles 2
Ова е долгоочекуваното продолжение на The Incredibles од 2004-та. И овојпат филмот се фокусира на семејството неверојатни суперхерои, а дејството се случува кратко по настаните од првиот дел.
За разлика од првиот филм, овојпат мајката е пратена на мисија, а таткото мора да се справи со трите деца, од кои секое си има своја супермоќ.