Русија на дланка, а полека и целиот свет - запознајте го маестралниот и неодолив Милош Биковиќ
Веројатно повеќето слушнале за него, а оние кои сепак не, станува збор за еден од најуспешните актери кој доаѓа од српското поднебје, а своите успеси ги прошири ширум целиот свет.
Најголемиот процент од нашата популација го запозна по неговата улога во маестралниот филм „Јужен ветар“, за кој по големите позитивни реакции се сними и серија.
Милош Биковиќ е роден во Белград на 13 јануари, 1988 година.
Уште од рани години ги покажал своите афинитети за глума, така што се запишал и завршил во Четиринаестата белградска гимназија и подоцна дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград.
Покрај многубројните улоги во претстави и филмови, особена популарност и пресврт во неговата кариера му донела улогата во филмот на Драган Бјелогрлиќ, извонредниот „Монтевидео, Бог те видео!“, за кој ја добива Наградата Цар Константин, за најдобра одиграна машка улога.
Оттука неговата кариера не стивнува, напротив, продолжува да се движи исклучиво во нагорна линија.
За неговиот успех е заслужна неговата верба, храброст и посветеност.
Имено, по успехот на филмот „Монтевидео, Бог те видео!“, на повик на неговиот брат, Биковиќ испратил писмо до славниот режисер, Никита Михалков.
По некое време, тој добил повик за кастинг за главна улога во филмот „Сончаница“.
За жал, Милош не ја добил главната улога, но сепак се здобил со една од ударните, која всушност му ја отворила вратата за неговата понатамошна, врвна кариера во Русија.
Милош Биковиќ игра во голем број руски филмови, а благодарение на серијата „Хотел Елеон“, тој успеал да се претстави на малку поширока, руска публика и да достигне огромна слава.
Тој во Русија станува поголема ѕвезда отколку што можеме да замислиме.
Во 2017 година, на еден од најпрестижните натпревари тој ја освојува наградата за „Маж на годината“.
Негови фанови велат дека тој во Русија е неверојатно популарен, но неговата природа, односно неговата скромност, не дозволува да допреме до реалната слика која ни доаѓа од овој леден крај.
Негови врвни успеси во последниот период се филмовите „Јужен ветар“ во 2018 година и руската комедија „Слуга“ кој во Русија својата премиера ја доживеа на 24 ноември, а во Србија на 27 декември.
Станува збор за филм кој за само една ноќ бил гледан од 750.000 луѓе и заработил околу од три милиони евра.
Неговата „големина“ уште еднаш ја докажува играјќи рамо до рамо со легендарниот Антонио Бандерас во филмот „Надвор од границите на реалноста“.
Покрај своите видно истакнати актерски способности, овој актер навистина може да се пофали со одличен изглед на кој женската, па дури и машката популација не останува рамнодушна.
Биковиќ е голем љубител на животни и се залага за вдомување на уличните кучиња.
Уште еден интересен факт за овој „српски мангуп“ е тоа што тој обожава да пишува поезија.
Тој за неа изјавува:
„Не нуди ништо. Таа само се појавува. Постои, така убава и непотребна. Инспирира и збунува. Не служи за ништо, а без неа не би можел да живеам“.
Милош е една од поознатите личности кои отворено зборуваат за својата вера и почит кон традицијата.
Исто така, добропознато е дека Биковиќ паралелно со својата напорна работа во Русија, макотрпно работи и во својата родна Србија.
Едно е сигурно, на 32 години, зад него стојат многубројни театарски и филмски ремек-дела, а тој сѐ уште продолжува да „гази“ кон своите цели.
Во продолжение ви издвојуваме 6 најгледани филмови на овој феноменален актер кои би требало да ги погледнете:
„Монтевидео, Бог те видео!“
„Лед“
„Надвор од границите на реалноста“
„Јужен ветар“
„Слуга“
https://www.youtube.com/watch?v=0cHvqJjZ5os
„Балканска линија“
Мила М. | Црнобело