13 нови комедии што ќе ве расположат после напорен ден

Booksmart

Две девојки го жртвувале социјалниот живот за да можат да се запишат на престижен факултет. Но штом ќе стигнат таму, сфаќаат дека и врсниците кои цело средно се забавувале успеале да се запишат на овие факултети.

Тогаш девојките одлучуваат да надополнат за сè што изгубиле, и тоа само во една ноќ.

https://www.youtube.com/watch?v=Uhd3lo_IWJc

La Gomera

Кристи е полицаец, а Гилда е поврзана со криминалниот свет. Но, Кристи се вљубува во Гилда и е подготвен да направи сè за неа.

Па, Гилда успева да го убеди да ѝ помогне да заврши навистина комплицирана задача, но и да ѝ помогне да го извади нејзиниот помошник од затвор.

https://www.youtube.com/watch?v=DY-YOoE2nLo

Dear Eleanor

Ели и Макс се 15-годишни пријателки кои бегаат од дома за да патуваат низ целата држава.

Животната желба на мајката на Ели била да ја запознае Елеонор Рузвелт, па двете девојки се обидуваат да ја пронајдат.

El Cuento de las Comadrejas

На еден имот за продажба живеат режисер, сценарист, актерка која повеќе не е популарна и нејзиниот сопруг, кој исто така е актер.

Ситуацијата се комплицира кога еден млад пар сака да го купи земјиштето каде што живеат. За да ја натераат да им ја продаде куќата, парот се преправа дека е голем фан на актерката.

Но, двајцата дефинитивно не се подготвени за итроста и снаодливоста на четворицата стари луѓе.

The Farewell

Ова е смешен, но и трогателен филм кој ја раскажува приказната на Били, баба ѝ и нејзиното големо семејство.

Били е писател аматер, а нејзината баба е смртно болна. Со цел да ги помине последните денови од животот мирно, сите одлучуваат да не ѝ го кажат ова. Но, на Били ѝ е тешко да ги крие нејзините чувства, па баба ѝ почнува да се прашува зошто е толку депресивна.

Hichki

Туретовиот синдром е нарушување карактеризирано со нагли и неволни движења, звуци и изрази на лицето.

Наина Матур го има ова нарушување уште од детството, но најголема желба ѝ е да биде наставничка.

И покрај тоа што учениците ѝ се смеат, директорот не сака да ја вработи, а мајка ѝ ја моли да се откаже од желбата, Наина го добива она што го сака.

Таа станува наставничка во елитно училиште и мора да се справи со „најлошите“ деца.

Mon inconnue

На почетокот, врската на Рафаел и Оливија е одлична. Тие се запозналe на факултет и се неизмерно среќни.

Но, како што напредува кариерата на Рафаел, тој речиси целосно заборава на неговата сопруга. Сепак, нештата тргнуваат во нова насока кога Рафаел се буди во нов живот, каде што Оливија е позната пијанистка и воопшто не се сеќава на него.

Сега, тој повторно треба да го освои срцето на неговата сакана. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg