Документарци што ќе ви помогнат да го погледнете светот со „нови очи“
Why Are We Creative: The Centipede’s Dilemma (2018)
Ова е филм на Херман Васке кој ја истражува креативноста преку разговор со режисери, сликари, музичари и научници.
Тој интервјуирал над 100 луѓе, обидувајќи се да сфати дали и како може да ја контролира креативноста.
The Cleaners (2018)
Дигиталното чистење претставува отстранување на непотребни информации од интернетот, а овој документарец се обидува да ги сумира предностите и недостатоците од тоа.
Во филмот запознаваме 5 искусни „чистачи“ кои споделуваат тајни за нивната професија. Креаторите интервјуирале луѓе од сите краеви на светот, па можеме да го слушнеме гласот и на оние кои се под силно влијание на интернет цензурата.
Apollo 11 (2019)
Ова е документарец за слетувањето на човекот на месечината.
Филмот содржи ретки видеа и интервјуа од историскиот момент.
Целта на филмот е едноставна – да ги тргне сите сомнежи и да ја прикаже реалната страна на еден од најважните настани во нашата историја.
Visages Villages (2017)
Овој филм е всушност авантурата на режисерот Агнес Варда и фотографот Џ. Р. околу предградијата на Франција.
„Visage Villages“ е неверојатен филм исполнет со случајни средби, необични пријателства и убавината на светот што нè опкружува.
Филмот си доби и номинација за Оскар во 2018-та.
One Strange Rock (2018)
На листава имаме уште една серија. „One Strange Rock“ раскажува за мистериите на нашата планета и илјадниците научници кои даваат сè од себе за да ги решат.
Ќе научите за улогата на науката во модерниот свет, но и за неверојатните откритија што допрва следуваат.
Wild Amsterdam (2018)
Прошетајте го неверојатниот Амстердам низ очите на мачето Фритс и другите локални животни.
Овој филм сака да ни покаже дека градот не постои само за луѓето, туку и животните можат да си го најдат комфорот на неговите улици.
Спирова С. | Црнобело