Документарци што ќе ви помогнат да го погледнете светот со „нови очи“
Денес е речиси невозможно да одмарате и да се релаксирате без да пуштите серија или филм.
Иако овие фиктивни приказни се навистина забавни, одвреме-навреме би требало да изгледаме и нешто што ја засега реалноста.
Ако сакате да научите нешто ново додека одмарате, документарците се секогаш одличен избор.
А, ако не знаете што би гледале, дајте им шанса на овие документарци што ќе ви го променат погледот кон светот:
The Price of Everything (2018)
Овој документарец има две номинации за Оскар и се обидува да открие како се одредува цената на уметничките дела.
Напомош доаѓаат многу уметници, организатори на аукции и други експерти од областа, кои се обидуваат да ни објаснат од што зависи цената на уметноста.
Our Planet (2019)
Овој документарец е всушност мини серија за проблемите со кои се соочува дивиот свет поради климатските промени.
Тимот на оваа серија од BBC работел цели 4 години за да го добие крајниот резултат. Тимот го сочинуваат 60 луѓе, кои посетиле 50 држави ширум светот за да го забележат влијанието на човекот врз флората и фауната.
Најдобриот дел е што наратор во серијата е Дејвид Атенбороу, кој го прави целото искуство уште поубаво.
The True Cost (2015)
Овој документарец се обидува да ги разоткрие најскриените тајни на модната индустрија, притоа поставувајќи го прашањето: „Која е цената на модата?“
Тимот што стои зад филмот завршил одлична работа. Тие посетуваат не само модни ревии, туку и држави од „третиот свет“, каде што ќе го откријат шокантниот одговор на нивното прашање.
Fire in Paradise (2019)
Пожарите станаа глобален проблем. Прво Сибир, а потоа и Австралија беа уништени од оваа незапирна сила.
Но дали знаете за трагедијата во Парадајс Сити во Калифорнија, што се случи во 2018-та? Овде избувна пожар кој го претвори малиот град во пепел, а во него останаа само најочајните жители.
Филмот ја раскажува приказната онака како што ја запомниле луѓето кои некогаш живееле во градот.
Lo and Behold: Reveries of the Connected World (2016)
Вернер Херзог со уште неколку специјалисти го истражува минатото, но и се обидува да ја предвиди иднината на интернетот. Дури и Илон Маск се вклучува во истражувањето.
Вернер се обидува да открие како интернетот стана толку важен дел од нашите животи и ни покажува дека дури и тибетските свештеници си го проверуваат Twitter профилот после медитација.
Ice on Fire (2019)
Овој филм, каде како продуцент се потпишува Леонардо ди Каприо, е документарец за еколошката криза.
За разлика од другите филмови кои обработуваат слична тематика, „Ice on Fire“ ни покажува дека сè уште не сме изгубиле сè, но само ако ги преземеме соодветните мерки. Филмот и ги набројува истите.