5 актерки кои се појавија во филмови во не толку убаво издание
Понекогаш режисерите бараат тотална трансформација на нивните актери за да бидат што е можно поубедливи во нивната улога.
Ова значи дека не е доволно само да го научат текстот, туку и физички да се трансформираат во ликот што го толкуваат.
Овие фантастични актерки биле подготвени за таа жртва. Имено, заради своите улоги, се согласиле на целосна лична трансформација.
Натали Портман
Убавата американска актерка Натали Портман ја избричила главата за потребите на филмот „V for Vendetta“ (2005), додека во „Goya's Ghosts“ (2006) се согласила да направи значителна трансформација, за да биде убедлива како жртва на Инквизицијата.
Камерон Дијаз
Навистина е тешко да се замисли Камерон Дијаз како непривлечна личност, но таа дала сè од себе за да изгледа така во „Being John Malkovich“ (1999). Без шминка и со кадрава коса, беше практично непрепознатлива.
Шарлиз Терон
Холивудската актерка го толкуваше серискиот убиец во филмот „Monster“ (2004) . Шарлиз Терон морала да се здебели десет килограми и да им овозможи на уметниците со шминка да го променат нејзиниот изглед.
Напорот се исплатеше, бидејќи Терон доби Оскар за оваа улога.
Лина Хиди
Лина Хиди се однесуваше како чудовиште во „Game of Thrones“, но физички изгледаше беспрекорно. Сепак, тоа не беше случај во „Dredd“ (2012), каде како водач на бандата мораше да има големи лузни на лицето.
Ен Хатавеј
Во филмот „Les Misérables“ (2012), Ен Хатавеј ја толкува Фантина, проститутка која умира од туберкулоза. За целите на оваа улога, таа ја скратила косата и изгубила 11 килограми. За улогата доби многу престижни награди, вклучувајќи Оскар и Златен глобус.
Ашера | Црнобело