10 филмови и серии кои ќе ви го стопат срцето на крајот од годината, идеални за новогодишната ноќ
Најдобро би било да ја заокружиме годината со одлични филмови и серии кои вистински ќе ни ја стоплат душата, без разлика на тоа дали изминатата 2019 ни била добра, просечна или лоша година.
Доколку пак се решите да останете дома за најлудата ноќ, а она што се нуди на ТВ каналите не ви се допаѓа, тука се напите 10 предлози – 5 серии + 5 филмови кои одлично ќе ви ги исполнат времето на 31 јануари:
Modern Love
Работена според вистинити колумни издадени низ годините во весникот Њујорк Тајмс, „Модерна љубов“ обработува 8 епизоди кои навидум делуваат неповрзано, иако љубовта е нишката која ги спојува сите.
Љубов во сите облици онаква каква што вистински е: смешна, тажна, сурова, убава, грда. Серија за душа.
Hearts Beat Loud
Френк компонира музика заедно со неговата ќерка за време на летото пред таа да замине на факултет. Кога нивната заедничка песна станува онлајн хит Френк не може да се одлучи помеѓу следењето на неговите соништа или пуштањето на ќерката да си ги исполни нејзините.
Lovesick
Дилан е 20-годишно момче кое спие со многу жени во потрага по вистинска љубов. Но, кога ќе дознае дека има сексуално пренослива болест, тој ќе мора да им се јави на сите жени и да им ја соопшти веста соочувајќи се со нив.
Soul Kitchen
Зинос е сопственик на грчки ресторан на кој не му тргнуваат работите од рака во животот. Девојката во која е вљубен се сели во Кина, а тој решава да го остави саканиот ресторан во рацете на брат му кој очигледно не знае да се снајде со новите задолженија.
Bob’s Burgers
Боб Белчер ѝ припаѓа на третата генерација која го води фамилијарниот ресторан со бургери, заедно со неговата сопруга и трите деца. Тој верува дека неговите сендвичи зборуваат за квалитетот и не се плаши да понуди нешто ново и необично на менито.