Инспиративни филмови што вистински ќе ви го променат животот
Сега е период кога сите размислуваат за промените што сакаат да ги направат во новата година. Но покрај желбата, понекогаш сигурно ви е потребна и инспирација за да направите нешто во врска со вашите цели.
А, зарем има подобра мотивација од инспиративните филмови? Следниот пат кога ќе гледате филм, одберете нешто што вистински ќе ве инспирира.
Доколку немате идеја, во продолжение погледнете неколку одлични предлози:
Good Will Hunting
Ова е приказна за неоткриениот генијалец Вил Хантинг. Вил работи како чистач на еден универзитет, кога еден професор сфаќа дека тој е математички гениј.
Вил почнува да ја изучува математиката со професорот, а за време на нивните средби дознаваме за неговото проблематично детство и за сите битки што ги водел во текот на животот.
На крајот од филмот ќе сфатите дека е потребна само една можност за вистински да ви се промени животот.
Покрај тоа, главните улоги им припаѓаат на Робин Вилијамс и Мет Дејмон, па ова е филм што нема да ве разочара.
Saving Mr. Banks
Во овој филм го гледаме Том Хенкс во улогата на Волт Дизни, кој сака да ја адаптира познатата книга на П.Л. Траверс - „Мери Попинс“. Но, Траверс има друга замисла за адаптацијата, а целиот филм открива дека „Мери Попинс“ е многу поразлична книга од она што сме го замислиле.
Филмот е исполнет со преговарањата помеѓу Дизни и Траверс, како и сцени од детството на писателката. Целата приказна е забавна и топла и ќе направи да се чувствувате исто добро како да ја читате „Мери Попинс“.
About A Boy
Овој филм е адаптација на една од неколкуте новели на Ник Хорнби што се екранизирани.
Главниот лик, Вил Фримен, успешно ги избегнува обврските и живее од заработката на татко му. Случајно, тој го запознава Маркус и неговата мајка Фиона.
Со цел да им го привлече вниманието на жените, Вил почнува да го претставува Маркус како негов син. Но, по некое време ја сфаќа грешката во неговите постапки.
Иако филмот обработува теми како врсничко насилство и самоубиство, секоја сцена ќе направи да се чувствувате подобро.