Хаотично-забавен трејлер за новата сезона на Преспав (видео)
Преспав викендов го објавија официјалниот трејлер за најава на новата сезона и според она што го гледаме, сезоната би требало да биде урнебесна.
Тоа што веднаш ги возбуди илјадниците фанови на Преспав е нараторот во трејлерот, односно гласот на Владо Јовановски, првиот Миле Бузалески.
Гласот на Јовановски вели: „Преспа е местото каде што Господ Бог преспал... А Преспав требаше да биде место каде што ќе биде поставен рајот...“.
Но од изборот на сцени од новата сезона не изгледа како да сте во рајот. Напротив, амбиентот во пансионот делува хаотично, односите се затегнати, функциите помешани, а гостите непредвидливи.
Кон крајот на трејлерот нараторот додава: Сега само еден може да го спаси Преспав - при што во пансионот влегува мистериозен маж во античка облека на бел коњ. Фановите погодуваат кој би можел да биде тој „спасител“, многумина дефинитивно алудирајќи на духот на Александар Македонски.
Останува да гледаме!
Новата сезона Преспав започнува со емитување на 18-ти декември, во 20:15 часот на МРТ1!