10 филмови на Нетфликс кои ќе ве внесат во рано, претпразнично расположение
Можеби е премногу рано да влезете во романтично, претпразнично расположение? Нетфликс секако не мисли така.
Го имаме апсолутниот хит за крајот на сезоната, анимираниот филм Klaus кој ќе ве расположи и растажи истовремено.
Некои од предлозите се сосема добри филмови, некои од нив се прилично дискутабилни, но сепак останува фактот дека тешко кој може да ја игнорира празничната магија. Во секој случај, добро ќе го одморите мозокот:
Let It Snow
Работен според истоимената новела на Џон Гришам, снежната бура која го погодува малото гратче ноќта пред Божиќ, успева да приближи група средношколци. Нивните приказни се испреплетуваат и се спојуваат како парчиња на сложувалка, а по божиќното утро ништо повеќе нема да биде исто.
Klaus
Џаспер е разгалено, младо момче и убедливо најлошиот поштар во академијата. По казна, неговиот татко го испраќа во мал, замрзнат град на северот каде што тој открива дека токму таму се крие Дедо Мраз.
The Knight Before Christmas
Средновековен витез е транспортиран од неговата ера во денешното, модерно време и се вљубува во млада наставничка која е разочарана од љубовта.
Holiday Rush
Откако ќе добие отказ, радио диџеј се преселува кај својата тетка, заедно со своите четири разгалени деца.
Merry Happy Whatever
Тврдоглав татко со многу силна волја решава го насочи стресот од празници кон новото момче на неговата ќерка коешто таа го носи за прв пат дома пред Божиќ.