Преспав доживува уникатен успех – серијата ќе се емитува во Бугарија
По 3 успешно реализирани сезони и заслужено стекната мега – популарност пред македонската публика, “Преспав“ ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија. Правата за емитување во Бугарија ги откупи btv media Group, а ТВ серијата ќе ја збогати програмата на каналот bTV Comedy.
„Преспав е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката од МРТВ.“ – изјави Пеце Талески, продуцент на “Преспав“.
“Преспав“ ќе се емитува на btv Comedy секој ден од понеделник, до петок во 17 часот, а за викенд ќе следуваат репризи. btv Comedy е единствен канал на бугарскиот телевизиски пазар што емитува 24 часовна смеа, односно само комична и забавна програма. Каналот има за цел да создаде позитивен дух во етерот и добро расположение за гледачот.
Од ОхО додаваат дека во моментов се снима четвртата сезона, а со новите продуцирани 20 епизоди „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.
Емитувањето на четвртата сезона ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube.