5 предлог филмови кои треба да ги изгледаат мајки и ќерки
Врската помеѓу мајката и ќерката е посебна и незаменлива. Но, живееме во свет каде сите сме посветени на нашата работа и водиме брзо темпо на живот, па многу често забораваме да поминеме доволно време со нашите најблиски, а особено нашата мајка.
Доколку одамна не сте имале квалитетно попладне со вашата мајка и сакате да ја обновите и зајакнете врската, покрај разговорт ние ви нудиме и предлог филмови кои можете да ги гледате јадејќи ги колачињата кои сте ги направиле заедно.
Mamma Mia!
Дона е самохрана мајка која ја подготвува венчавката на нејзината ќерка Софи. Во меѓувреме Софи смислува план како да го открие нејзиниот биолошки татко, па на нејзината свадба поканува тројца мажи со кои се забавувала нејзината мајка во младоста, со надеж дека конечно ќе го запознае својот вистински татко.
Freaky Friday
Големата разлика во годините помеѓу Тес Колман и нејзината ќерка тинејџерка ги прави работите многу тешки. Тие едноставно не можат да се разберат и договорат за ништо.
Откако го добиваат „колачето на среќата“ во еден кинески ресторан, следниот ден кога ќе се разбудат нивните тела се заменети. На тој начин тие почнуваат да се разбираат една со друга и стекнуваат почит една спрема друга.
Sister act
Кога една пејачка во ноќен клуб е сведок на злосторството на својот шеф, полицијата за да ја заштити ја крие како монахиња во еден манастир. Таа таму има проблем да се вклопи во средината, а кога ќе ја назначат да го води хорот во манастирот, таа од него прави вистинско милозвучно чудо.
https://www.youtube.com/watch?v=Q7j2aEJxxDY
Steel magnolias
Шелби е млада невеста со огромна желба да има деца. Но, нејзините здравствени проблеми стануваат пречка на нејзините планови за иднината.
Времето минува, а нејзината мајка и пријателките ќе мора да наидат на голема несреќа која ќе ги направи поблиски и посилни.
Mermaids
Самохрана мајка се преселува со своите две ќерки во Масачусетс, каде голем број на настани и случки ги предизвикуваат и зајакнуваат нивните семејни односи и врски.
Т. Ѓ. | Црнобело