10 релаксирачки филмови обоени со летна позадина
Летото знае да биде прекрасно, но и прилично напорно, па понекогаш сè што ви е потребно е да се одморите со добар, релаксирачки филм.
Ви нудиме 10 одлични филмови обоени со летен екстериер кои ќе ве насмеат, ќе ве расположат и ќе ви докажат дека кога има љубов сè е многу полесно и подобро:
Letters to Juliet (2010)
Софи е во посета на Верона со нејзиниот многу зафатен свршеник. Кога случајно ќе се најде пред ѕидот со љубовни писма до шекспировата Јулија, оставени од луѓето чиишто срца биле скршени, љубопитноста на Софи ќе се разбуди.
50 First Dates (2004)
Хенри е вљубува во Луси. Но таа страда од краткорочно губење на меморијата. Имено, секој нареден ден таа не знае што ѝ се случувало во претходниот. Тој треба да ја освојува секој нов ден одново, обидувајќи се да му покаже на нејзиното семејство дека навистина е вљубен во неа.
https://www.youtube.com/watch?v=UP6aNMdvCjA
Now and Then (1995)
Роберта, Саманта и Тина се силни, успешни жени кои се враќаат назад во градот во којшто израснале, со цел да ѝ помогнат на четвртата најдобра пријателка во текот на породувањето со нејзиното прво дете.
Under the Tuscan Sun (2003)
Животот на Френсис целосно се менува кога таа дознава дека нејзиниот сопруг ја изневерува со писателка, на којашто Френсис ѝ дала лоша рецензија за книгата. Во обид да ја излекува својата депресија, Френсис тргнува на патување во прекрасната Тоскана.
https://www.youtube.com/watch?v=dNZJnLN8irw
What About Bob? (1991)
Непосредно пред летниот одмор, психијатарот Лео Марвин се среќава со нов пациент, Боб, кој страда од многубројни фобии. Боб решава да го следи докторот за време на неговиот одмор.