Со штикли во руинирани средини и уште 4 работи кои сите ги мразиме во филмовите
Во филмовите редовно се повторуваат непромислени сцени кои немаат никаква логика и на сите им одат на нерви.
Од одење со штикли по руинирани средини, до невозможни преживувања – кои работи вам најмногу ве нервираат во филмовите?
Луѓето редовно критикуваат и пишуваат кои се најчестите работи што им пречат во филмовите.
Погледнете кои се тие сцени што речиси на сите ни одат на нерви:
Ликовите можат сами да си ги извадат куршумите за неколку секунди, без дезинфекција или дополнителни препарати и без да си предизвикаат компликации.
Си доаѓаат дома и легнуваат во кревет со чевли, или, никогаш не ги мијат рацете – го прави ли некој тоа во реалноста?
Кога одеднаш луѓето почнуваат синхронизирано да танцуваат како цел живот да вежбале за тоа... нереално.
Кога актерите кои треба да глумат средношколци имаат 30+ и мислат дека тоа воопшто не се познава...
Кога девојките одат во штикли во руинирани средини или во шума, кога преживуваат пад од авион или слична несреќа, а шминката и фризурата им се недопрени...
Кога среде филм, некој лик ќе се појави од никаде и ќе ги спаси хероите и повторно ќе исчезне...
М. М. | Црнобело