Филмови со броеви во насловите кои задолжително треба да ги изгледате
Освен високите оценки, што друго заедничко имаат следните 11 филмови? Секако, фактот што секој од нив во насловот содржи бројка.
Во листата со предлози ќе пронајдете постари класици, но и понови филмови од различни жанрови. Нормално, постојат уште многу одлични филмови со броеви со насловот како 12 Monkeys, 2001: A Space Odyssey, The Sixth Sense, 12 Years a Slave, 8 mm…
...доколку ви текне на уште некој филм, слободно додадете го во листата, а во меѓувреме (доколку не сте го сториле тоа) задолжително изгледајте ги:
12 Angry Men (1957)
Најдобро е да се изгледа оригиналната верзија на филмот од 1957 година. 12 членови на поротата мора да одлучат дали момчето коешто е обвинето е виновно.
Обидувајќи се да донесат едногласна одлука, еден од поротниците има сомнежи во врска со вината на обвинетиот. Наскоро, ситуацијата во собата ескалира до невидени размери.
https://www.youtube.com/watch?v=Dosg0p7LAB4
One Flew Over the Cuckoo’s Nest (1975)
Кога Рендал Патрик МекМарфи ќе го префрлат од затвор во ментална институција поради евалуација, тој претпоставува дека станува збор за средина со помалку рестрикции.
Но, откако ќе ја запознае сестрата Речед, Рендал ќе увиди дека таа ги држи пациентите под контрола со малтретирање, медикаменти и терапија со електро шокови.
Se7en (1995)
Детективот Вилијам е пред пензионирање. Тој работи заедно со новиот член на тимот, откривајќи убиства кои упатуваат на сериски убиец. Наскоро двајцата откриваат дека убиецот таргетира жртви за кои смета дека ги симболизираат седумте смртни гревови.
https://www.youtube.com/watch?v=SpKbZ_3zlb0
3 Idiots (2009)
Двајца пријатели се во потрага по одамна изгубениот трет другар. Тие се потсетуваат на деновите поминати на факултет, евоцирајќи спомени од минатото кои ги инспирирале да размислуваат поинаку од другите, иако сите останатите ги нарекувале „идиоти“.
Lock, Stock and Two Smoking Barrels (1998)
Во ремек-делото на Гај Ричи, низ серија на неверојатни настани, четворица пријатели се обидуваат на секој можен начин да стигнат до 500.000 фунти со цел да го отплатат коцкарскиот долг на Еди.
https://www.youtube.com/watch?v=KZh33gGK3Y8