Русија ќе прави своја верзија на серијата „Чернобил“ каде што вината ѝ припаѓа на САД
После неверојатниот успех на серијата „Чернобил“ од НВО, руската телевизија одлучила да направи своја верзија со цел да ги исправи работите.
Воглавно, руската верзија од серијата ќе ја прикаже другата страна на приказната, каде што нуклеарната катастрофа била дело на злобен вработен од ЦИА.
Во верзијата на НВО, која стана највисоко рангираната серија на IMDb, руските бирократи се обидуваат да мамат во нивниот одговор за катастрофата и последователните последици.
Во руската верзија, храбар офицер од КГБ ќе се бори да го разоткрие заговорот од страна на тајната служба на САД, кој на крај води до инцидентот во реакторот со број четири.
Наводно, снимањето на серијата веќе се подготвува во Белорусија, под режисерската палка на Алексеј Мурадов.
Неодамна Мурадов изјавил:
„Една теорија вели дека САД се инфилтрирала во Чернобил и многу историчари не одрекуваат дека на денот на експлозијата, агент од службата на непријателите бил присутен во електраната.“
Важно е да се напомене дека досега нема цврсти докази кои укажуваат за учеството на ЦИА во катастрофата во Чернобил. Но изгледа ова не спречува никого.
Серијата на НВО од 5 епизоди заврши овој вторник и засега има оценка 9,6 на сајтот IMDb – повисока од Игра на тронови. Ова е извонреден резултат, особено кога ќе се земе предвид дека никој немаше слушнато за серијата пред некој месец.
Постојат гласини дека Министерството за култура во Русија понудило 30 милиони рубли (околу 400.000 евра) за снимањето на руската верзија на серијата.
Се разбира, буџетот не е јавен и точниот датум на излегување на серијата е непознат, па изгледа ќе треба да чекаме неколку месеци.
Прочитајте и Мит или факт – кои настани од Чернобил се измислени, а кои вистинити?
Спирова С. | Црнобело