6 бизарни ситуации од филмовите кои во реалноста не постојат
Летање на автомобили, ладнокрвно заминување при експлозија и скокање низ затворен прозорец, добро познати филмски сцени, зарем не?
Тешко е да се замисли холивудски блокбастер без кул специјални ефекти.
Одличните визуелни ефекти ги прават нашите омилени филмови уште поспектакуларни и забавни за гледање. Но, некои акции навистина се косат со физичките закони во име на уметноста и изгледаат како клише сцени.
Некои кул ефекти едноставно немаат врска со реалноста:
Автомобилите летаат во разни ситуации
Автомобилите летаат толку долго во воздух при сообраќајните незгоди во филмовите што изгледа како воопшто да нема гравитација на овој свет. Неретко и автобусите скокаат преку недовршени мостови.
Во реалниот живот автомобилите и автобусите никогаш нема да успеат да прескокнат огромна дупка без разлика колку брзо се движат, гравитацијата секогаш ќе ги приземји веднаш.
Звукот и светлината патуваат со иста брзина
Секој пат кога гледаме молња на филм, го слушаме и звукот на истата. Тие се случуваат едновремено, но во реалноста светлината патува многу побрзо од звукот.
Прво гледаме светкање на небото, па го слушаме звукот на молњата.
Експлозиите на автомобилите се неизбежни
И најмалата штета на автомобил во филмовите секогаш резултира со огромна експлозија. Паѓање на автомобилот од карпа, судирање со друг автомобил, погодување на резервоарот со куршум, резултатот е секогаш оган на сите страни.
Но, во реалноста автомобилите ретко се палат, дури и при судир.
Куршумите летаат со иста брзина во воздухот и во водата
Сцените каде луѓе нуркаат во базен, канал или океан за да избегнат куршум се бројни. Но, дури и кога се под вода околу нив летаат куршуми од сите страни со огромна брзина.
Во реалниот живот куршумите обично не одат подалеку од 90-тина сантиметри во водата. Отпорот на водата го спречува движењето на куршумот понатаму. Куршумите лесно се движат во воздухот, но во водата е поинаку.
Кул момците не гледаат во експлозиите
Додека се случуваат епски експлозии од најразличен тип, силните кул момци никогаш не погледнуваат кон експлозијата, туку мирно заминуваат.
Во реалниот живот херојот ќе настрада. Енергијата ослободена при експлозијата може да направи толку силен бран што ќе урне зграда, а не пак да убие човек.
Скокањето низ затворен прозорец не е голема работа
Кој не го сака тој драматичен момент во холивудските филмови кога луѓето рутински минуваат без гребаница низ скршен прозорец? Ова никако не пробувајте го дома!
Во реалноста скршен прозорец има илјадници неверојатно остри краеви , кои многу лесно ќе ја пресечат вашата кожа и облека. Скокањето низ стакло може да донесе дури и смртни последици.
С. С. | Црнобело