Предлози за продолжен викенд - Филмови кои добро ќе ви го извртат умот
Зарем не ги сакате филмовите кои ве оставаат со подзината уста поради неочекуваниот пресврт на настаните или крајот кој воопшто не сте го очекувале?
Овој тип на филмови се одлични за секој период од годината, но некако најубаво ни „легнуваат“ во долгите студени зимски вечери, поради дополнителната атмосфера која се создава.
Доколку сте подготвени за лудо возење и филмови кои добро ќе си поиграат со вашиот ум, време е за:
Better Watch Out (2016)
Во совршено среден идиличен дом, Ешли доаѓа за последен пат да го причува момчето на кое му е бејбиситерка повеќе од 4 години. Мирната вечер почнува да се претвора во вистински кошмар кога станува јасно дека некој ги демне и не се сами во куќата.
Waking Life (2001)
Човек се префрла од едно на друго место, од еден на друг човек додека сонува, дискутирајќи и откривајќи ја смислата на животот и универзумот.
Frequency (2000)
Редок атмосферски феномен во Њујорк им овозможува на татко и син да искомуницираат преку радио врска 30 години подоцна во иднината, при што синот го предупредува таткото за моментот на неговата смрт. Сепак, спасувајќи го таткото, настаните започнуваат да се изместуваат од својот утврден колосек.
Trance (2013)
Трговец со уметнички дела ќе се помеша со опасна група криминалци. Со помош на психотерапевт кој го хипнотизира се обидува да се сети што се случило со изчезнатата, но многу вредна уметничка слика.
https://www.youtube.com/watch?v=q3hkMecya0M
Snowpiercer (2013)
Дејството е сместено во иднината, каде што неуспешен климатски експеримент го брише целиот живот на планетата Земја, освен малкуте преживеани коишто патуваат во возот каде што владее класна хиерархија.